Дознај повеќе за енергетско ефикасни решенија

Што e енергетска ефикасност?

Енергетска ефикасност e извршување иста или поголема количина активности со исто или помало количеството потрошена енергија (топлинска, светлосна, кинетичка) и со помала емисија на јаглерод диоксид во атмосферата.

Што e обновлива енергија?

Обновлива енергија е енергијата која се обновува брзо преку природните процеси. Обновливи извори на енергија се сонце, ветер, вода, геотермија или биомаса. Предноста на овие ресурси е тоа што тие се во неограничени количини и нивното користење не ја загадува околината.

Што се постигнува со енергетско ефикасни инвестиции во вашиот дом?

  • Со енергетско ефикасните инвестиции се намалуваат трошоците за енергија
  • Поефикасно греење, ладење и заштеда на средства
  • Поквалитетен  живот во Вашиот дом
  • Избегнување на ризичноста од разни болести предизвикани од материјали штетни по здравјето
  • Придонес за здрава животна средина со користење на обновливи извори на енергија и намалување на штетните влијанија кон околинат

Зошто енергетско ефикасни инвестиции за вашиот бизнис?

  • Намалување на потрошувачката на енергија, а со тоа и намалување на трошоците за енергија
  • Стекнување конкурентска предност со користење на енергетско ефикасни машини и опрема
  • Автоматизација на процесите во работењето
  • Поздрава работна околина
  • Поефикасно управување со ресурсите
  • Поврат на инвестицијата
  • Промена на навиките на однесување на вработените во насока на порационално користење ресурси

Што е ЕКО-кредит?

ЕКО кредитите се наменети за инвестиции во проекти кои имаат ефект заштеда на енергија, зголемување на енергетска ефикасност и намалено загадување на атмосферата со CO2. ЕКОкредитите можат да ги користат домаќинствата и бизнис секторот.
 

Што може да се финансира со ЕКО-кредитите?

Со ЕКО-кредитите може да се финансираат проекти како, на пример:

Во станбени објекти или канцеларии:
  • Инвестиции во подобрување на изолацијата на веќе постоечки или нови објекти 
  • Инсталација на нови прозорци и врати
  • Соларни панели за добивање топла санитарна вода
  • Централизирани системи за греење, ладење и вентилација
  • Ефикасно осветлување – поекономични светилки и системи за регулација на светлината
  • Промена на типот на гориво кое се користи

Во индустриски и земјоделски сектор:
  • Инвестиции во веќе постоечки и нови објекти кои ќе бидат енергетски ефикасни
  • Обнова на транспортни средства (возила кои исполнуваат ЕКО4 и ЕКО5 стандарди, трактори и камиони на ефикасен погон, високо ефикасни електрични мотори и сл)
  • Енергетско ефикасна опрема и машини за производство
  • Системи за автоматска регулација на греење, ладење, осветлување итн.
  • Обнова на воздушни компресори
  • Индустриски светлосни системи за заштеда на енергија
  • Земјоделска механизација со која се заштедува енергија и се постигнува поголема ефикасност во работењето (комбајни, берачи, мелачи, млинови, мотокултиватори и сл.)
  • Системи за наводнување во земјоделството
  • Системи за греење и одржување на температурата во пластеници и оранжерии, итн.
 
                                                                      
21.11.2017
  • EUR 61,35 61,4900 61,80
  • USD 0 52,1942 0
  • CHF 0 52,6636 0
  • GBP 0 69,1365 0