Банка за мојот бизнис
 

Трансакциска сметка со камата по видување 

Правните лица кои имаат екстра ликвидни средства, имаат одлична можност да ги пренесат на трансакциска сметка со камата по видување. Оваа сметка е погодна за штедење, за кумулирање на ликвидните средства на компанијата кои остануваат неискористени. Средствата на сметката се достапни постојано, можно е дополнување според можноста и повлекувања според потребите на компанијата.

Каматата на оваа сметка се пресметува на дневно ниво, а исплаќа месечно на редовната трансакциска сметка. Правното лице може да ја користи исплатената камата неограничено.  

 
Карактеристики на трансакциската сметка со камата по видување: 
 

  • Валути:                                                                                                                  МКД или ЕУР
  • Минимално салдо на сметката со цел пресметување на камата:  50.000 ЕУР или 3 Мил МКД
  • Каматна стапка:                                                                                                  0.8% за МКД/ 0.4% за ЕУР
  • Исплата на камата:                                                                                           месечно 


Преносот на средства од оваа сметка се овозможени само кон интерни сметки на правното лице во ПроКредит Банка. Средствата на оваа сметка можат да се користат неограничено, но потребно е истите првично да се префрлат на редовната трансакциска сметка. Трансакциската сметка со камата по видување може да има салдо помало од 50.000ЕУР / 3 Мил МКД, но во тој период нема да се пресметува камата по видување на преостанатиот износ. 

 
Дополнителни карактеристики трансакциска сметка со камата по видување:
  • Опции за приливи: Трансакциската сметка со камата по видување може да се користи за приливи од другите трансакциски сметки во ПроКредит Банка, за приливи од други банки во земјата или за приливи од странство.
  • Број на трансакции во еден календарски месец: неограничен

 

Како да отворите Трансакциска сметка со камата по видување?

Контактирајте го Вашиот личен Бизнис Советник за Клиенти или посетете некоја од експозитурите на ПроКредит Банка со цел подетални информации за оваа трансакциска сметка (види локации на експозитури).

 

Потребни документи за отворање на Трансакциска сметка на правно лице: 

  • Тековна состојба или Решение за упис, не постари од 6 месеци, издадени од Централен регистар
  • ЗП Образец, заверен на нотар
  • Документ за идентификација на законскиот застапник (лична карта или пасош)

21.11.2017
  • EUR 61,35 61,4900 61,80
  • USD 0 52,1942 0
  • CHF 0 52,6636 0
  • GBP 0 69,1365 0